„Храбар чекор. Уште да имаше логика во него,“ стои во едиторијалот на Блумберг по повод одлуката руски банки да бидат исклучени од меѓународниот протокол за трансфер на пари. Уредниците на влијателниот медиум на големиот капитал предупредуваат дека се прави опасен преседан и дека од таква одлука, покрај сувото, ќе гори и сировото.