ХСБЦ воведе внатрешен комитет на Кинеската Комунистичка Партија

Лондонската ХСБЦ, една од најголемите и најмоќни банки на светот дозволи во рамките на нејзината кинеска филијала да почне да функционира комитет на Комунистичката партија задолжен за банката.

Комитетот бил основан на барање на вработените, според кинески закони доволно е неколку вработени да побараат за да може да се основа внатрешен комитет на Кинеската комунистичка партија, и ќе има минимум тројца членови, сите од вработените.

Вообичаено тој има две функции: да работи како синдикат на вработените и да работи на поставување на претставник од партијата во највисоките рангови на компанијата. Ова второто е малку веројатно да се случи и ХСБЦ Кина да му даде менаџерска позиција на партиски функционер, и тоа главно се однесува на државните компании во кои се основа внатрешен комитет на ККП.

Ставот на ХСБЦ е дека основањето комитети е стандардна пракса во Кина и дека тоа е вон контрола на менаџментот, како и тоа дека комитетот има „нула влијание врз правецот во кој се движи бизнисот и во неговите секојдневни операции“.

ХСБЦ е прва поголема странска банка во Кина во која е основан ваков комитет и се очекува тоа да постави преседан и за другите банки.

Во 2020 Кина ги укина ограничувањата за странска сопственост на финансиските институции, со која на странските финансиски компании им беше дозволено да држат само 51% од заедничката компанија што ја имаат во Кина. Од тогаш глобалните финансиски институции почнаа да ја откупуваат сопственоста, па сега комитетите се сметаат за еден од начините за каква таква контрола врз нивната работа.

Процените што ги пренесува Фајненшл тајмс се дека ХСБЦ со право дозволува формирање комитет, бидејќи „не сакаш да ги преиспитуваш властите во Кина. Секоја американска банка што не го прави тоа игра опасна игра.“               

25 јули 2022 - 16:03