Американските банкари се надевааат дека на работниците ќе им биде полошо

Американски медиум дојде до проценки на извршен директор на Банката на Америка во кои тој се надева дека работниците нема уште долго да имаат толку сила да бараат поголеми плати. Во очите на банкарите, слабеењето на преговарачките позиции на обичниот народ се добредојдени за економијата.

Извршен директор на Банката на Америка пишал „се надеваме“ дека вработените Американци ќе ја изгубат моќта на пазарот на трудот. 

Во меморандум до кој дојдоа луѓето од Интерсепт, правејќи проценка за клиентите, директорот истакнал дека промените во процентот на Американци кои бараат работа „треба да помогнат да се зголеми стапката на невработеност“.

Конкретната аспирација на Итан Харис, шеф на глобални економски истражувања за инвестициско банкарство на корпорацијата гласи: „До крајот на следната година, се надеваме дека односот на новоотворени работни места и невработеноста ќе се спушти на понормални максимуми од последниот деловен циклус“.

Белешката на Харис се открива среде амбицијата на Федералните резерви за „ладење на економијата“ зад која стои наративот дека високите плати ја возат инфлацијата. Годинава за првпат беа подигнати каматите после 2018 година. Историски, тоа често предизвикало рецесија што веројатно и сега ѝ се случува на американската економија иако таму се води вистинска војна на дефиниции што и како всушност се мери рецесијата.

Во 2009 година - во најлошите моменти на економската катастрофа што следеше по колапсот на недвижнините за време на крајот на ерата на  на Џорџ Дуплове Буш - на едно новоотворено работно место имаше шест невработени работници.

Сегашната ситуација е поинаква, во секоја индустрија постојат силни барања за поголеми плати и тоа банкарите ги прави нервозни.

 

4 август 2022 - 21:10