„Постои загриженост околу недостаток на струја за зимава. Ние мора да ја спречиме таквата ситуација,“ порачал премиерот на прес-конференција.
Задачата за стартување паѓа на министерството за економија, трговија и индустрија, а очекувањето е дека 9-те реактори ќе покријат околу 10% од јапонската потрошувачка на енергија.
Јапонија има проблем со недостаток на струјата едно заради екстремно лошото време што ги снајде и гасењето на постарите електрани, а второ заради одложувањето на рестартот на нуклеарните реактори кои беа згаснати по хаваријата во Фукушима во 2011. Плус, ова е надополнето со проблеми со снабдување со руски енергенси.
Се работи за 9 реактори кои ги имаат минато сите безбедносни проверки и имаат добиено дозвола за повторно стартување.
Јапонија има 33 функционални нуклеарни реактори кои беа згаснати по Фукушима. До сега 10 од нив се вратени во погон, и тие треба да бидат засилени од 9-те кои ги побара Кишида.