Блумберг пишува дека во седмицата пред 4-ти јули имало мал раст затоа што препродавачите правеле залиха пред празникот.
„Пукнатините во потрошувачката почнале да се појавуваат во март ама почнаа да се истакнуваат пред еден месец, кога на 13 јуни просечната цена на пумпа достигна рекордни 5,016 долари за галон.
Цените константно паѓаат речиси цел месец, меѓутоа тоа изгледа не е доволно за да се привлечат повеќе возачи на патиштата.
По цена од 4,631 долари за галон, бензинот и понатаму е 47% поскап отколку што беше пред една година,“ анализираат од Блумберг.
Паралелно со ова производителите на нафта од цел свет и понатаму работат со максимален капацитет, ама процената е дека ова производство директно оди во државните нафтени резерви.
Освен обичен бензин, периодов и потрошувачката на авионско гориво е под 5-годишниот просек. Оваа бројка ја потврдува и просекот од американската агенција за безбедност во превозот, според која бројот на патници што минале низ задолжителната проверка на аеродромите паднал за 7%.