Се работи за акции од Енвидиа, од кои Пол Пелоси сега има 20.000.
Неделава американските сенатори треба да гласаат за законот со кој американските производители на чипови треба да бидат субвенционирани со 52 милијарди долари.
„Секако ова го покренува прашањето дали Пол Пелоси би можел да има пристап до некои инсајдерски законодавни информации.
Ова е причината зошто има посебна апликација која ексклузивно ја следи берзанската активност на Пол и потоа неговите следбеници го повторуваат истото,“ изјавил лобистот од левичарскиот тинк-тенк, Паблик ситизен, Крег Холман.
Субвенциите првично беа изгласани во февруари, и деновиве треба да се забрза комплетирањето на целата постапка.
Во документите во кои се гледа активноста на Пол Пелоси стои дека тој неодамна продал акции на Епл од околу 250.000 долари и акции на Виза од околу 5 милиони долари.