Поранешниот британски премиер, и актуелен советник на кој и да е што ќе плати повеќе, предупредува дека доаѓа крајот на ерата на глобална политичка и економска доминација на Западот.
Премиерот на германската сојузна држава Саксонија се одметна од официјалниот став на својата партија, ЦДУ, и побара замрзнување на конфликтот во Украина и почнување на мировни преговори со Русија.
Сервисирањето на Северен тек 1 заврши, и не се случија најцрните сценарија, ама не се случија ни најоптимистичките. На првиот ден по сервисот Газпром го пушти гасоводот на само 30%, а спорната турбина уште не е вратена на место.
Кога на Русија и се случуваат порази на фронтот во Украина тоа е затоа што од украинска страна се борат војници мутанти создадени во тајните украински биолошки лаборатории. Ете прашајте ги руските парламентарци.
Во Европскиот парламент ќе биде спроведено автоматско кревање на платите на ниво кое целосно ги поништува ефектите на инфлацијата и ценовниот шок што моментално се случува во Унијата и остатокот од Европа.
Ако ЕУ сака да ја задржи лидерската позиција во глобалната политика (?), тогаш Унијата треба да раскрсти со националните вета кога е во прашање надворешна и безбедносна политика.
Неофицијалниот владетел на најголемиот светски извозник на нафта, Саудиска Арабија, сака цел свет да знае дека занесувањето со зелени агенди само ќе ја зголеми цената на нафтата и стапката на инфлација.
Првиот човек на германскиот регулатор за струја и гас, за Билд изјавил дека залихите на земјата се далеку подобри отколку претходните недели, ама не се ни приближно до тоа што и треба на Германија за зимава.
На херојството на украинските војници по својот габарит единствено му парира залуденоста на ставовите на официјален Киев кој упорно зборува дека Украина ќе се бори до неизбежна победа и дека ќе ги врати сите изгубени територии, вклучително и Крим.
Што заради штрајкови, што заради недостаток на вработени, и нешто помалку заради невремиња, летово до сега во Европа се откажани илјадници летови кои создадоа повеќечасовни редови и гужви на најголемите европски аеродроми.
Само една британска единица за време на 6-месечно тура во Авганистан има убиено 54 луѓе кои биле или затвореници или невооружени, покажува истрага на Би-би-си.
Вол стрит журнал тврди дека дошле до руски војник кој возел еден од шлеперите паркирани пред пристаништето во Севастопол во кое на руски брод се товари украинско жито.
Русија ги зближи Полска и Украина како никогаш досега но таа блискост не ги брише историските спомени и трауми. Истото она што македонската страна мазохистички упорно одбива да го побара од Бугарија, Полска сега го бара од Украина: да го признаат злото кое го им го правеле на Пољаците во Втората светска војна.
Во еден класичен пример на маалски муабет издигнат на највисоко државно ниво, претседателот на Думата, се закани дека Аљаска би можела да биде следна за враќање кон Русија.
11 јули веќе со недели е кошмарниот ден за целосната германска индустрија, откако Газпром најави дека од 11 до 21 јули целосно го гаси Северен тек 1 заради редовно одржување на гасоводот.
Премиерот на Шри Ланка објави дека 22-милионската државата и официјално е банкрот, а откако во мај не успеа да ги плати надворешните долгови, таа веќе нема странска валута ни за увоз на најосновните продукти.
Лавината западни санкции против Русија со својата масовност потфати и една турбина што Русите ја имаа пуштено на сервис во Канада. Сега трофејниот улов Западот ем ќе треба да го врати, ем ги раскара по веќе востановените линии.
Заради загриженост околу финансиска стабилност (дали ќе ги врати парите или ќе изгорат) Европската комисија не и пушта 1,5 милијарди евра Украина, на која и требаат пари баш заради одржување на таа финансиска стабилност.
На 7 јули, во 12 и 30 на пладне Борис Џонсон ја објави својата оставка во Влада и во партија. Само 24 часа пред тоа, запрашан дали има околности во кои планира да даде оставка, Џонсон порачува дека обрвската на премиерот е да продолжи да работи и покрај колосалните притисоци.
Со упорното туркање на проекти по потекло од Светскиот економски форум, владата на Холандија под управа на премиерот Марк Руте, а запоседната со активисти од ВЕФ, полека влегува во диктатура, смета Рован Дин од Скај њуз.
Преку еден спектакуларен пример на бриселска магија, ем ЕУ ќе продолжи да се бори против енергетската криза, ем ќе остане истрајна во спроведувањето на својата зелена агенда.
Цената на руската нафта што се продава на Западот треба да биде ограничена на меѓу 40 и 60 долари за барел, и на тој начин да се стави крај на финансирањето на руската војна во Украина. Барем така планира Западот.