Хамас ја забрза лошата судбина на Украина

Вашингтон ја пушта Украина и Зеленски низ вода а стотици илјади Украинци загинаа верувајќи во ветувањата на Америка дека ќе помагаат „колку што ќе биде потребно.“, смета Ким Дотком (хакер, инвеститор и политички активист).  Тоа „колку што ќе биде потребно“полека се претвора во „колку што ќе можеме“, а процесот го забрзаа компликациите на Блискиот исток.

„Не можете да почнете да планирате долгорочна поддршка ако сте на крајот од вашето јаже. Во финансирањето на Украина доаѓаме до крајот на јажето. Денеска објавивме 200 милиони долари и ќе продолжиме да ѝ помагаме на Украина колку што можеме, но тоа нема да биде на неодредено време“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

******************

Вашингтон штотуку ја фрли Украина во корпата за отпадoци,  полна со нации - жртви на САД: „Колку што е потребно“ сега е „колку што можеме“ и „доаѓаме до крајот на јажето во финансирањето на Украина“.

Стотици илјади Украинци загинаа поради празните американски ветувања за „непоколеблива поддршка“.

Украина е уништена и нема да закрепне со децении. Зеленски е готов, а Русија победи. САД, нивните западни партнери и НАТО - поразени. Зошто која било нација некогаш повторно би им верувала на безбедносните гаранции на американската влада? Народот на Тајван мора многу внимателно да внимава на кого се потпираат за својата безбедност.

Што ни кажува ова? Дека тоа е признание за банкротот на САД. Американската влада повеќе не може да си дозволи продолжена војна во Украина или каде било во светот. Лагите и измамите (пропагандата) не се доволни за да се остане на површина. Корумпираните „новинари“ не победуваат војни и не плаќаат трилиони дефицити и обврски.

Иранската интервенција во Израел преку Хамас го забрза неизбежниот исход за Украина. Заканата од војна на Блискиот Исток со сите нејзини ужасни последици по цената на нафтата и кревката американска економија беше сè што беше потребно. Светот е сведок на брзиот крај на доминацијата на САД и порастот на мултиполарниот поредок.

Но, никогаш не ја потценувајте ароганцијата на американската влада. Тие можат да ја окончаат цивилизацијата со нуклеарна војна наместо да ја прифатат одговорноста за уништување на САД одвнатре  - со бесрамна корупција.

Ким Дотком

13 октомври 2023 - 12:38