Свет

На Украина и треба победа пред есен

Со повлекувањето на украинската армија од Лисичанск, за да избегне опколување, по три месеци војна падна цел Луганск, со што се оствари една од целите на Путин. Сличен ваков триумф и е неопходен и на Украина и тоа што е можно поскоро, ако сака да го задржи вниманието и наклонетоста на Западот.

Франција го национализира своето Електростопанство

„Мораме да имаме комплетен суверенитет во пресрет на огромните енергетски предизвици кои нè чекаат“, порача француската премиерка во нејзиниот прв говор во парламентот и најави дека државата планира да стане 100 процентен сопственик на електрогигантот ЕДФ.

Источниот фронт е „пекол на земјата“

Изгорени шуми и градови запалени до темел. Соборци без екстремитети. Бомбардирања кои се безмилосрдни што единствена опција што ја имаш е да лежиш во ров и да се молиш.

Германија сака да ја гледа Украина таму каде што е, вон ЕУ

Додека Украина ја китеа со кандидатскиот статус, Германија по приватни канали барала целосна измена на клучните спогодби за функционирање на ЕУ, стравувајќи дека членството на Украина ќе биде погубно за германската доминација во Унијата.

ЕУ не може да ги најде пораките со кои се договорени 1,8 милијарди Фајзер вакцини

Фајзер и ЕУ имаат договор за снабдување на 1,8 милијарди вакцини против ковид, кои биле договорени по пораки, и кои пораки Фон Дер Лајен повеќе од 6 месеци никако не може да ги најде.

Гнасната тајна на зелената енергија

Електричните возила се продаваат како зелена варијанта на бензинот/дизелот, како најголемиот дел од струјата да се произведува од планински ветар, а не од јаглен и нафта. И без разлика на тоа, далеку е поголема лагата што се кажува за батериите за електричните возила.

Западот пати за Украина, ама долговите остануваат да се плаќаат

Украинските власти бараат начини како да го преструктуираат долгот што го имаат кон светски финансиски институции, затоа што се сред војна и ем немаат пари, а и тие што ги имаат за друго им се планирани.

Четвртина од Американците со оружје би се кренале против Владата

Повеќе од една четвртина од Американците се чувствува толку отуѓена од својата влада што чувствуваат дека можеби „наскоро би било неопходно да земат оружје во рака“ против нејзе.

Британците имаат помалку од 100 дена да потрошат 14 милијарди фунти во стари пари

Банката на Англија им даде фора на сите Британци до крајот на септември да ги потрошат сите стари хартиени банкноти со вредност од 20 и 50 фунти. По 30-ти септември овие банкноти го губат статусот на легално платежно средство.

Украина има изгубено повеќе војници отколку што Британија има вкупно пешадија

Британската армија во 2021 има вкупно 18.000 припадници на пешадијата. За четири месеци војна, Украина има повеќе загинати војници.

Олаф „30 илјади евра месечно“ Шолц

Од почетокот на следната недела се покачуваат платите на германските парламентарци и еден дел од Владата кој го вклучува и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Москва и Пекинг возвратија на шамарите од НАТО

На самитот на НАТО во Мадрид Русија е маркирана како „директна закана“ а Кина како „сериозен предизвик“. Пекинг порача дека НАТО е тој што прави проблеми а Путин возврати „ок, ќе играме како што играте вие“. А НАТО игра така што дури осумкратно ќе ги зголеми силите за брза интервенција. 

Холандија блокирана заради претерување со зелена агенда

Холандската влада го објави планот за намалување на загадувањето со азот за 70% до 2030 година. Холандските земјоделци објавија дека никој во Холандија нема никаде да мрдне дур не се повлече овој план.

Тоа што не може ЦИА, може Националниот фонд за демократија

НФД е американска организација која начелно служи за поддршка на демократијата по светов но често се доживува како фасада за рушење непожелни влади и инсталирање марионети. Ги има и овде, со години финансираат Метаморфозиси, Вистиномери, бараат следачи на говор на омраза... нешта без кои не би ни можеле да замислиме волку добро да ни оди.  

Г7 триумфално го преименуваа планот за сопствената „Појас и пат инцијатива“

Седумте лидери ветија фонд од 600 милијарди долари, државни и приватни пари, кои во текот на следните 5 години ќе ја финансираат потребната инфраструктура во земјите во развој, како контра на кинеската исто така мултимилијарди долари вредна „Појас и пат инцијатива“. Истото ветување го имаа и на Г7 самитот во Британија во 2021, и не направија ништо.

За Кремљ војната ќе заврши кога Украина ќе се предаде

Само Зеленски нека и нареди на војската да го положи оружјето и војната завршува, порача портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков.

Пари за руски обврзници или нема или има

Официјално, Русија не стигна да ги плати парите по основа на долгорочни обврзници кои најдоцна требаа да бидат исплатени на 27 јуни. Официјално, ама од другата страна, пари има, ама вашите не даваат да ви ги платиме.

Шпанска Мелила падна пред 2.000 африкански мигранти

Африкански мигранти, по цена од 23 загинати, успеаа да ја пробијат заштитата околу Мелила, шпанската енклава во Северна Африка, и околу 140 од нив (500 според неофицијални бројки) да влезат на тло на ЕУ.

После абортусот, ќе паднат и истополовите бракови?

Главна вест е дека американскиот Врховен суд ја укина одлуката која на федерално ниво половина век на жените им гарантираше право на абортус, но мислење на еден од судиите исто така побудува големо внимание на јавноста. Тој цени дека сега му е мајката да се продолжи во иста насока и на други теми. 

Американските дронови нема многу да се налетаат над Украина

Официјална Москва не ни стигна да распали со стандардните закани за уништување на секое парче американска воена помош, а Украина и САД речиси едногласно се сложија околу бесцелноста на испраќање американски дронови на боиштето во Украина, со објаснување „па не ти е ова Авганистан.“

Британија ќе депортира и украински бегалци во Руанда

Од првичното дека депортации „едноставно нема да се случат“ сега британскиот премиер изјави дека украинските бегалци кои нелегално ќе влезат во Британија би можеле да бидат испратени во Руанда.

Запознајте се со кандидатките за ЕУ: Молдавија

Со оглед на тоа кој доби зелено светло од ЕУ (Украина, Молдавија) а кој не (Македонија, Албанија) јасно е дека Унијата не се пали толку ако некој ја сака, колку што се пали по држави кај што има луѓе кои се палат на Русија. Реформи - меформи? Дајте не се шалете.  

Камала Харис на попуст

Добра вест за Белата куќа е што конечно има нешто на што почнаа да паѓаат цените во Америка. Лошата вест е што тоа е вториот човек во Белата куќа.

Како да кажеш дека Тесла шпионира за Американците, без да кажеш дека Тесла шпионира за Американците

Од 1-ви јули ниту едно Тесла возило два месеца нема да смее да припари во кинескиот крајбрежен туристички дистрикт Беидаихе, во кој треба да се одржи летниот партиски состанок на раководството на Кинеската комунистичка партија.