За планот се согласни и републиканци кои се за Украина да добие уште еден пакет помош, а и тие и колегите од демократите заклучиле дека речиси и нема да има проблеми низ Конгресот да протнат дополнителна помош за Израел, по упадот на Хамас.
Од Националниот совет за безбедност порачуваат дека „и двете се важни, а ние сме доволно голема, економски способна и активна држава да можеме и двете да ги поддржиме.“
Американската администрација веќе испрати итна воена помош за Израел, ама проценува дека на Тел Авив ќе му треба дополнителна помош која ќе мора прво да мине преку Конгресот.
Минатиот месец Белата куќа успеа преку дополнително задолжување да извади пари за да се плати работењето на американската администрација само откако се согласи дека во тие пари нема да влезе помош за Украина.
Американците објаснуваат и дека двата конфликти трошат различно оружје и муниција, па не се натпреваруваат за истите залихи.