Шведска покренува војска, ама не за Украина

Кој ќе речеше дека „Шведска, немири, здраво“ навистина ќе стане место во кое насилствата ќе станат толку масовни што премиерот ќе признае дека треба и војската да помогне. Убиства, експлозии, силувања, маала во кои државата не може да стапне... За илустрација, болничари од Брза помош почнале да носат шлемови и панцири. 

„Ниедна друга земја во Европа не преживува вакво нешто,“ очајнички предупреди шведскиот премиер Улф Кристерсон, среде досега невидениот бран криминал, насилства и пресметки на банди кои ја зафатија земјата.

Се случуваат многукратни убиства, а во еден час знаат да се случат и по четири експлозии, обично од кашикари од екс-југословенско, односно македонско потекло. Пo стапката на криминал, Шведска веќе е на четвртото место во Европа, после Белорусија, Франција и Белгија.

Земјата се подготвува да ja распореди и својата војска за да се справи со бандите низ земјата, да обезбеди опрема, логистичка и форензичка поддршка и да ја сподели својата експертиза за отстранување бомби.

Премиерот Кристерсон рече дека Шведска се соочува со „исклучително исклучителна ситуација“ и дека „полицијата не може да стори сè“.

Во меѓусебните пресметки, немилосрдните банди често ангажираат и деца за нарачани убиства и подметнување експлозии.

Пред една деценија Шведска беше меѓу 10-те најбезбедни земји во светот.

Во меѓувреме,  либералните владини коалиции дозволија речиси  неконтролиран наплив на мигранти меѓу кои се инфилтрираа еден тон членови на мафии, терористички организации, ветерани на ИСИС, Ал Каеда и други воени организации од војните на Блискиот Исток. Мнозинството мигранти ги почитуваат правилата и државата, но огромен број не.

Тоа не е причина шведската влада да прекине да ги убедува граѓаните дека Русија е виновна за сè и дека за Украина мора да се праќаат пари и оружје.

2 октомври 2023 - 11:46