Конкорд кетеринг го презема договорот за хранење на руската војска од РБЕ Груп. Сега договорот повторно се враќа кај РБЕ. Руски медиуми пренесуваат дека РБЕ се подготвува за обновување на договорот и почнал со вработување на менаџери и изнајмување деловен простор во Москва.
Во 2013 по губењето на договорот од Конкорд, РБЕ Груп е присилена да отпушти 32.000 вработени, а во исто време руските власти започнаа истрага за раководителите на неколку подружници на РБЕ.
За сега веста не ја коментираат ни од Конкорд, ни од руското министерство за одбрана.
Во 2019 Радио слободна Европа објави дека има најмалку 5.393 руски тендери во периодот од од 2011 до 2019 кои ги добиле компании што можат да се поврзат со Пригожин. Нивната тогашна вредност изнесуваше 3,2 милијарди долари.