Пред да го има Вагнер, Пригожин имаше компанија која беше задолжена за кетеринг на целата руска војска. Деновиве тој договор ќе биде предвремено згаснат.
Едно од најголемите складишта (ограден отворен простор) на кое со децении дремат советски тенкови и останата воена опрема периодов е речиси половина празен, откако паркираната опрема почна да се префрла на украинскиот фронт.
Најновите крстосувачки ракети и хеликоптери на руската армија се полни со децении стара технологија од старите модели на истото оружје, покажува истрагата на остатоците од руското вооружување собрани во Украина.
Две недели како што Русија воено се вклучи во нередот во Сирија, кај западните разузнавачи и воени функционери почна да се враќа изгубената страхопочит кон руската војска и кон трансформациите што таму се имаат случено за време на владеењето на Путин. А на Русите, Сирија одлично им дојде за контролирана демонстрација.
Од почетокот на кризата во Украина, Кремљ нема сомнеж околу тоа колку ГРУ (военото разузнавање) е неопходен дел на комплетниот безбедносен апаратус на Русија. Ова е истиот Кремљ кој пред неполна година размислуваше за укинување на ГРУ.
После цела година работа, одиш на одмор, дента рано стануваш за на плажа, фаќаш одлично место за пешкирот, се закотвуваш, кога одеднаш те облива непогрешиво чувство дека се наоѓаш на плажа во сопственост на руската армија.