Военото депо Вагжаново, кое се простира на над 10 километри квадратни во близина на главниот град на Буратија, моментално е речиси половина испразнето во споредба со пред почетокот на војната.
Сателитските снимки направени 5 месеци пред почетокот на војната во февруари 2022, покажуваат дека на Вагжаново се складирани 3.840 советски тенкови и оклопни возила. На снимките од ноември 2022, на истата локација имало останато 2.600 воени возила, или околу 40% помалку од првичните слики.
Иако најголемиот дел од складот е на отворено, на него има околу 10 хангари во кои се верува дека се сместени околу 400 тенкови и оклопни возила.
Во исто време речиси половина од тенковите кои се гледаат на сателитските снимки од ноември се без купола, што значи дека тие биле употребени за резервни делови за тенковите кои се отстранети од локацијата и испратени на ремонт.
Според холандскиот разузнавачки опенсорс проект, Орикс, Русија до 31-ви мај загубила 2.000 тенкови, од 3-те илјади што ги имала пред почетокот на инвазијата.