Како Шведска стана европско Мексико?

Некогашниот скандинавски рај останува уникатен, ама сега по лошо. „Шведска нема видено вакво нешто, Европа нема видено вакво нешто!“, предупреди нивниот премиер. Му се веруваше некому до пшреде некоја година дека една Шведска ќе размислува да бара помош од војската за да се справи со бандите? 

Вестите од Шведска се алармантни. Премиерот Улф Кристерсон размислува дури и да ги смени законите за да се овозможи „поголемо воено инволвирање“ во борбата против криминалот.

Пораката доаѓа среде бран жестоки улични вооружени пресметки. Само во септември загинаа 11 лица. Во еден ден двајца во Стокхолм и една жртва 50 километри по на север. Била учителка, за нејзина несреќа, комшија ѝ бил некој од бандите кој бил означен за  отстрел.

Лани имало 391 пукање (од кои 62 фатални). Една година порано - 45. Оружје има насекаде и лесно се набавува а употребата на рачни бомби е толку честа што Шведска е единствената земја во светот, покрај Мексико, што ги води како посебна ставка.

А пред 19 години, Гардијан пишуваше дека „посета на Шведска е како да патуваш во иднината“.  

Што тргнало наопаку?

Кристерсон, кој ја предводи центристичката Умерена партија е директен: тешките времиња за Шведска се должат на „политичка наивност“ и „неуспешна интеграција“.

Порастот на криминалот и растот на бандите следи по масовниот прием на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка за време на мигрантската криза во 2015 година. Неуспехот да се интегрираат овие новодојденци, било на пазарот на трудот или во општествените вредности на Шведска, доведе до тоа да постои голема популација која има малку релации со нивната земја домаќин.

И поранешната премиерка, Магдалена Андерсон од Социјалдемократската партија, има слична дијагноза признавајќи дека Шведска предолго го игнорираше фактот дека има „паралелни општества во Шведска“.

„Живееме во иста земја, но во сосема различни реалности,“ вели таа.

Добро е што шведските политички класи, и од левицата и од десницата, се соочуваат со кризата на интеграцијата, смета Бредон О'Нил.

„Предолго евро-елитите го означуваа како расист секој кој изразува загриженост за идеологијата на мултикултурализмот; секој што гласно се прашуваше дали масовната имиграција, заедно со моралниот релативизам и пречекот на невиден број мигранти во време кога не се посветува доволно внимание на интеграцијата, можеби не е најдобрата идеја“.

Имигрантите се оставаат во етнички балон кој често е под управа на регресивни верски вредности и не го учат јазикот на новата татковина и сето тоа се случуваше со години, додека квази либералните елити уживаа во својата лажна доблест и грижа за дојденците.

5 октомври 2023 - 09:07