Петер Маѓар: ЕУ прво да го прими Западен Балкан, па после Украина
- Унгарскиот премиер изјави дека Европската Унија треба да ги прими земјите од Западен Балкан пред Украина, за да го зачува кредибилитетот во регионот.
-
ЕУ прво мора да ги исполни ветувањата дадени на земјите кои со години чекаат членство, пред да даде нови ветувања на другите кандидати.
-
„Прво треба да ги примиме земјите кои долго време се подготвуваат за членство, кои многу жртвувале, прифатиле бројни обврски и со години чекаат на ветениот влез во ЕУ“, кажа Маѓар во интервју за австриската агенција АПА.
-
За евентуалното членство на Украина во ЕУ, Маѓар кажа дека земјата е сè уште многу далеку од прием и процени дека тоа нема да се случи барем во следните десет години. Потсети дека сите земји-кандидатки мора да поминат низ истите процедури и да ги исполнат истите услови за членство.