„Сите земји-членки ќе треба да плаќаат повеќе и да добиваат помалку од буџетот на ЕУ; многу земји-членки кои во моментов во завршна сметка повеќе примаат финансиска помош отколку што придонесуваат во буџетот, ќе треба да станат нето-придонесувачи“, се вели во документот на секретаријатот на Советот на ЕУ, објавен во Фајненшл тајмс.
Убедливо најскапо приклучување би било она на Украина која за седум години би сркнала 186 милијарди евра. Тоа се башка пари од оние кои ќе требаат за реконструкција на земјата кои Светската банка ги проценува на 400 милијарди евра.
Иако проширувањето повторно е актуелна тема, сегашната дебата (една брзина, две брзини...) повеќе e концептуална отколку вистинска, велат дипломатски извори на Гардијан.
Реалните (буџетски) дилеми околу проширувањето ЕУ натенане ќе ги решава до 2027 година.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека крајниот рок за проширувањето треба да биде 2030 година, но дипломатски кругови за тој датум викаат дека Мишел го извлекол од ракав и дека нема баш многу резон.