Се работи за компанијата АРЦ (American Roll-On Roll-Off Carrier) која превозот го врши со 5 (огромни) бродови, а споменатата опрема во најголем дел е за фронтот во Украина, и еден дел е за НАТО вежбата Атлантска решителност.
Најголем од петте бродови на АРЦ е Ендуранс кој има капацитет „пренесе цела авијациска бригада во една тура“. Бродовите на АРЦ пренесуваат само опрема, возила и системи, но не и муниција или ракети, кои се префрлуваат со контејнерски превоз.
Тие претежно тргаат од пристаништето во Бомонт, Тексас или Чарлстон, Северна Каролина. На другата страна се закотвуваат во повеќе пристаништа од грчки Александрополи до Муга во Естонија.
Од АРЦ објаснуваат дека пред секоја пратка имаат состанок со Пентагон на кој решаваат дали има потреба или не на бродот да бидат присутни и обучени луѓе од морнарицата, а самата посада на бродовите веќе има минато обука со американската војска.
Дел од опремата која е „временски сензитивна“ се случува да биде испратена и со авион, што има сериозно просторно ограничување во споредба со брод.
Опремата главно пристигнува до неколку депоа во Европа од каде со воз или камион се испорачува до украинската граница.
Во најголем дел бродовите на АРЦ се задолжени за транспорт на оклопни единици, заради тоа и при купување на бродовите АРЦ бараат тие да имаат товарна врата повисока од 6,25 метри, што пак им дозволува да пренесуваат хеликоптери како Чинук или В-22 Оспреј. Освен височината на вратата, минимумот што треба да го исполни секоја рампа на бродовите на АРЦ е носивост од 230 тони, што им овозможува истовремено да префрлат два М1 Абрамс тенкови, кои тежат по 72 тона.
За разлика од товарањето на бродови со комерцијална стока кое го вршат вработени на пристаништето, за товарањето, на пример, на тенкови се вика посебна екипа составена од војници кои имаат искуство со возење на овие машини и нивно товарање во брод.