Самата Железна купола има капацитет да собори стотици ракети, а за време на конфликтот во 2021 Израелците тврдат дека таа имала 90% успешност во одбрана од илјадниците ракети кои беа истрелани од Газа.
Во саботата, вон сите очекувања, Хамас успеа да надмине се до тогаш направено и во рок од 20 минути истрела 5.000 ракети кон Израел и Железната купола. Намерата беше да се засити ПВО на Израел, и успеаа во тоа.
Тоа што се случуваше во воздух над Израел требаше и успеа да биде дистракција за многу поважниот копнен напад на Хамас против Израел.
Израелците имаат планирано и за таа варијанта, па секој сантиметар од бедемот изграден кон Газа е под видео надзор, сензори за движење и други системи за следење кои со време треба дадат предупредување за каков било обид да се приближи некој до нив.
Се покажа дека Хамас ги има точно мапирано сите клучни точки на системот за надзор на израелскиот ѕид, и копнениот напад го почна со уништување токму на овие точки со што успешно ги „ослепе“ израелските служби кои ја следат ситуацијата.
Анализата на видеата од саботата покажала дека Хамас користи дронови за фрлање експлозиви врз израелските безбедносни и комуникациски кули, и дека се работи за намерна координирана операција која им овозможила на стотици милитанти на Хамас да започнат со својот дел од операцијата - пробивање на израелските бариери без да бидат откриени. Со загубата на сензорите се попречува ефикасен одговор бидејќи не се знае на кое место точно ќе почне главниот напад.
Додека сето ова се случува, Хамас лансира 35 Ал-Завари камикази дронови кон Израел (отприлика иста големина како рускиот Лансет). Уште во 2021, Хамас тврдеше дека неговите Шабаб дронови успешно ги избегнуваат радарите на Железната купола, бидејќи за разлика од ракетите, летаат ниско до земја без потреба од висока ракетна траекторија.
Дроновите, иако не е точно утврдено кој модел, се успешно искористени и во борба против израелската армија, па непотврдените извештаи се дека Израел до сега има изгубено најмалку 6 Меркава тенкови и 17 оклопни возила.
Процената е дека Хамас моментално е во дефанзива и дека ги има истрошено своите залихи на ракети и камикази дронови, „меѓутоа шокот од тоа колку штета успеаа да направат против војска која наводно беше подготвена, ќе доведе до многу прашања уште долги години.“