И Кинезите и Американците отфрлаат дека во прашање е политика и заладување на односите, наспроти децениската пракса на „панда дипломатија“ во која пандите се даваат како награда за пријателски држави или се одземаат за да се казнат противниците. Одлуката за повлекување на пандите се случува во време кога односите меѓу двете држави се на најниско ниво и најголем дел од соработката е прекината.
Не само американските, туку и која било зоолошка низ светот, кога ќе добие панда не добива целосна сопственост над нив, туку им се изнајмуваат на одреден период за што на Кина и се плаќа наем од стотици илјади долари годишно.
Првите панди доаѓаат во САД по нормализирањето на односите меѓу двете земји во 1972.
Едно од неполитичките објаснувања за повлекувањето на животните е дека тие сите се на возраст на која секако треба да се вратат дома, и дека ковидот го одложил нивното враќање.
Откако пандите веќе не ги водат како загрозен вид, Кина почна со изградба на мрежа на национални паркови, заради што повеќе не е под притисок да ги испраќа вон земјата за тие да можат да бидат зачувани и да се размножуваат.