Група центуриони, облечени во црвени здолништа, туники, оклоп, мачови и шлемови со пердуви се креваат на бунт пред римскиот Колосеум. Во 2012-та. Против Министерството за култура.
12 агенти од обезбедувањето на Обама во Колумбија се вратени назад во САД, заради причини кои многу потешко ќе ги објаснат дома пред жените, отколку кај шефот.
Авиокомпанија од Санта Моника, воведува услуга која ќе им овозможи неограничен број летови на патниците за одреден месечен паушал, нешто како месечна карта за автобус, само што е за летање.
Најголемиот број од луѓето што живеат во САД потекнуваат од европски eмигранти кои се преселиле таму меѓу 17-от и средината на 20-от век. Кинезите, Индијците и слично масoвни народи ги нема ни во првите 12.
Откако го одбранил своето семејство од 4-ца вооружени ограбувачи, 52-годишен Русин сега ќе треба да се одбрани пред суд дека не претерал кога убил тројца од напаѓачите.
Преку пулените на продукцијата Vivid, порно индустријата го возвраќа ударот на најавите на Рик Санторум. Се вклучуваме во политичката дебата, крајно навивачки и необјективно расположени. Ели Хејз и Шанел Престон? Санторум, откажи се. @wankout 2012
Аризона е американска држава која има убедливо најбрутален затворски систем во САД. Последниот извештај на Амнести Интернационал откри ригорозни практики во занданите на Аризона.
Додека се повеќе производи се промовираат како "зелени" и се повеќе активисти го промовираат еколошкиот начин на живот, на се повеќе луѓе им е смачено да тераат на зелено.
Додека Американците чекаат да се појават добитниците на рекордниот џек-пот, некои поранешни инстант милионери се доказ дека и по ова пак се не оди како што треба.
Џереми Лин уште на 26-ти март направил MRI снимка и дознал дека има скинат менискус. Никси ова го објавија дури на 1-ви април. Њујорк дејли мисли дека има зошто.
Шест месеци откако успеа да го сврти вниманието на целата јавност на прашањата за економска еднаквост, движењето Occupy едвај да е видливо на јавната сцена. Тоа веќе не е производ околу кој се штанцаат вести а активистите дремат по судови.
Мексиканската текстилна малопродажба годишно губи 4 милијарди долари заради честото враќање на купената облека. Зошто се враќа? Мексиканското просечно тело (мало и набиено) никако да се спастри во стандардните големини па сега таму ќе се прават свои стандарди.
Не Амстердам туку Копенхаген во последно време важи за град во кој велосипедистите можат да се чувствуваат како дома. Педантните Данци пресметале и фактичка вредност на убавата навика. Да педалат Американците колку нив, САД би добиле 17 милијарди годишно.
За разлика од интелектуалците Социјалисти, Болшевиците во нивните чизми и кожни јакни проектираа "аура на мажественост и решителност," објаснува историчарот Јерк Баберовски, во неговата нова книга за Сталин.
Два милиона Арапи планираат во петок да тргнат кон границите на Израел. Се пријавиле волонтери од 80 земји. На своите соседи, Израел веќе им пушти предупредување да не си играат со оган. Последен пат кога Израел процени дека Арапите ќе тргнат на Ерусалим, нападна прв и настана војна.
Една од темите која се провлекува низ предизборната кампања на Ромни се парите, поточно неговите пари. Тој посебно треба да се објаснува за вилата што планира да ја реновира.
Благословот " Да е живо и здраво и 100 години да живее" ќе му се оствари на секое трето бебе кое годинава ќе се роди во Велика Британија. А бидејќи долг живот всушност значи долга старост, пензиските фондови ги фаќа блага паника.
Републиканците поднесоа тужба против демократски кандидат за конгресмен, заради тоа што се претставувал како астронаут. Проблем: човекот навистина бил астронаут.