Свет

Уништување картели по равенка

Полициското ликвидирање нарко босови во Јужна Америка прави топ вести ама не врши работа. Додека јавноста се израдува, картелот или веќе има нов лидер или се поделил на 10 помали. Сега ќе пробаат со Гугл аналитикс.

Богатите во Европа бараат отцепување

Низ цела Европа богатите малцинства се повеќе имаат желба да добијат независност од сегашната матична држава, која во време на финансиска криза се повеќе почнува да им тежи.

Кој сака да биде поранешен претседател?

Николас Саркози е на добар пат да му стане колега на Тони Блер, доколку реши да ја прифати работата во Морган Стенли за плата од - 200.000 фунти на час.

Во Франција повеќе нема домашна

Комплетната француска младина ќе се спаси од домашни задачи ако Оланд успее да го протне својот најнов предлог за унапредување на образованието.

Ќотекот од фудбалот е излезен?

Факт: семејното насилство се зголемува после важен спортски настан. Факт: само што игравме со Србија. Факт: првата точка важи и во случај на пораз и во случај на победа.

Иран сака да ја испушти нафтата во Заливот

Немајќи излез од санкциите и зулумот што тие и го прават на земјата, Иран разгледува некои прилично очајни планови, меѓу кои и масовно испуштање нафта во Персискиот залив, за да се кренат цените на горивото.

Кукли од насловните страници

Британскиот печат е сексистички и полн со родови стереотипи. Женско стигнува на насловна само ако има фотка со трагови од насилство или пак ако има дупе како Пипа Мидлтон.

Тајните правила за Обама и Ромни

На страна тоа што го пишува во официјалните норми за секоја од претседателските дебати, двете кампањи потпишале таен меморандум со Комисијата за Претседателски дебати, во кои ги уредуваат правилата за дебатите. Од типот - Комисијата треба да се потруди никој од кандидатите да не се испоти.

Најголемиот затвор на светот

Соединетите Американски Држави.

Технологијата зад скокот од вселената

На страна желбата на Баумгартнер и гравитацијата на Земјата, главна работа зад успехот на Феликс беше технологијата која му помогна да се качи горе и да се спушти во еден дел.

Пирова победа

Сајт за лични контакти од Данска, организира натпревар само за своите машки членови а наградата е најновиот Ајфон и Ајпад 3. Победник е оној што ќе докаже дека има најмал пенис во земјата.

Наградата за ЕУ, круната за Норвешка

Норвежаните и дадоа Нобелова награда за мир на ЕУ, што не значи дека Унијата треба да си ласка дека тие воопшто помислиле да станат нејзини членови.

Луѓето што ја одбија Нобеловата награда

Додека Кисинџер се заблагодаруваше за Нобеловата награда за мир за потпишување мировен договор со Виетнам, ко-добитникот и преговарач од виетнамската страна Ле Дук То, изјави: "Во југоисточна Азија се уште нема мир. Во овие околности, за мене е невозможно да ја прифатам наградата."

Голиот Принц и богатството за Вегас

Тоа што сè што се случува во Вегас не остана во Вегас, доведе до голем резил за принцот Хари. Од друга страна целата работа значеше милиони за промоцијата на градот.

Зелено се лепи на зелено

Откако излезе од Белата Куќа Ал Гор се посвети на две работи: климатски промени и "зелена технологија." Од оваа занимација до денес има заработено како нафта да продавал.

Републиканска педагогија

Запознајте се со Чарли Фукуа, кандидат за републикански пратеник во претставничкиот дом на Арканзас, кој освен намалување на даноците и отворање нови работни места се залага и за воведување смртна казна за непослушни и бунтовни деца.

Италијански град остана без власт заради мафијата

Не еден, не двајца, не петмина, туку комплетното градско собрание на Реџо Калабрија (популација околу 190.000) доби отказ заради врски со мафијата.

Окупацијата на Л.А.

Во основа човеков планирал да почне војна против Америка, само му фалело да го пројде обезбедувањето на аеродром без да го фатат.

Октоберфест, завршна сметка

Годинешниот Октоберфест може не е рекорден по број на посетители, ама е рекорден по бројот на луѓе што завршиле на токсикологија - над 800.

Пари на сонце

Британски судија денес им нареди на Мајкл Мур и остатокот од групата која финансиски ја поддржа кауцијата за Асанж, да платат уште 150.000 долари откако основачот на Викиликс уште еднаш не се појави пред судот.

Будење од американскиот сон

По 11 години, албански имигрант ќе биде протеран од САД. Фатен е кога тргнал на филмски фестивал за да го гледа филмот посветен на неговиот илегален престој.

Нема веќе Фејсбук за Тајната служба

Не само што во иднина нема да смеат да погледнат проститутка додека се на пат, сега агентите на Тајната Служба нема да смеат ниту да помирисаат алкохол и кога се дома.

Руда крај шините

Авганистан има резерви на минерали и метали во износ од над 1.000 милијарди долари, чие ископување од старт би значело вработување на 90.000 луѓе. Единствен проблем е како целата таа руда да се извади од Авганистан.

Здраво, јас сум Ролекс

Што заради инает кон традицијата, што заради лингвистички фактори, имињата на жителите на Хонг Конг денес на никој не му звучат логично.