Пирова победа

Сајт за лични контакти од Данска, организира натпревар само за своите машки членови а наградата е најновиот Ајфон и Ајпад 3. Победник е оној што ќе докаже дека има најмал пенис во земјата.

Секој Данец кој мисли дека ќе може да победи на конкурсот, треба да испрати слика од својот "кандидат" кој треба да биде во ерекција и да е фотографиран до лењир или метро.

Човекот што ќе победи, во замена за признанието дека има најмал пенис во Данска ќе добие Ајфон 5, а за второпласираниот (кој ќе биде избран од женски членови на сајтот) следува Ајпад 3.

"Има толку многу несреќни мажи што мислат дека мора да се има џиновски пенис, меѓутоа просекот е далеку под тоа," објаснува сопственикот на Singlesex.dk.

Во првите неколку дена до сајтот биле испратени и се објавени околу 10 фотографии, а уште десетина други фотографии чекаат на проверка од администраторите (дали се украдени од интернет и сл.) пред да бидат објавени.

13 октомври 2012 - 17:14