31 годишниот Албанец Праќ Радо цели 11 години живее во САД без легални документи за престој. Во меѓувреме станува главен лик во документарецот "Dreaming American" чие деби било закажано на меѓународниот филмски фестивалот во Хамтон.
Радо се качува на воз за Хамтон и таму бива уапсен.
24 минутниот филм е посветен на неговото бегство од Албанија и желбата да живее во Америка, без политичка репресија и насилство.
Радо работел сешто, од играч во геј клубови па се до актер. Режисер и сценарист на филмот е Ли Перси кој работеше и на филмот Salt со Анџелина Џоли. Перси се обидел да го одврати Радо од доаѓање на фестивалот но овој сепак решил да го види филмот.
И, така завршува "Dreaming American".