Целата работа започнала минатата година, кога еден градски советник бил уапсен заради врски со 'Ндрангета. По ова следувало апсење на неколку локални лидери на организацијата.
За ситуацијата да не излезе од контрола, Министерката за внатрешни работи Ана Мариа Канцелиери, решила дека е подобро да го распушти комплетното градско собрание.
"Оваа одлука да се распушти собранието не се должи на нестабилност, туку на поврзаноста на круговите на 'Ндрангета со локалната централно-десничарска власт која беше избрана во 2011-та," објаснува министерката.
Во меѓувреме со градот ќе управуваат тројца комесари кои имаат мандат од 18 месеци да ги расчистат сите врски со мафијата.