Луѓето што ја одбија Нобеловата награда

Додека Кисинџер се заблагодаруваше за Нобеловата награда за мир за потпишување мировен договор со Виетнам, ко-добитникот и преговарач од виетнамската страна Ле Дук То, изјави: "Во југоисточна Азија се уште нема мир. Во овие околности, за мене е невозможно да ја прифатам наградата."

Одбивањето на наградата од страна на То, ги стави и Кисинџер и Нобеловиот комитет во непосакувана позиција, бидејќи сега имаше опиплив недостаток на симетрија меѓу двете страни. Како е можно да и доделиш наградата за мир само на една од преговарачките страни. Ова е првиот и последен случај во историјата некој да одбие Нобелова награда за мир.

Претходно на истиот потег се одлучи Жан Пол Сартр, кој во 1964-та беше награден со Нобел за поезија. Сартр ја одби наградата бидејќи во основа ги одбивал сите награди.

"Писател не смее да прифаќа официјални награди бидејќи на тој начин тој го додава влијанието на институцијата која го наградила неговото дело, на моќта на неговото пенкало. Ова не е фер за читателот," изјавил Сартр при одбивањето на наградата.

На списокот одбиени награди се Нобеловата награда за мир од 1935-та за Карл Фон Осиецки на кој Нацистите му забрануваат да замине во Осло; и Нобеловата награда за литература од 1958-ма на Пастернак, кој добива ултиматум од Советите дека ако ја прифати наградата ќе биде протеран од Советскиот сојуз. Тој во писмо до Нобеловиот комитет се одрекува од наградата.

И покрај овие два случаја, То и Сартр остануваат единствените двајца лауреати кои своеволно ја одбиваат Нобеловата награда. Со ова тие влегуваат во група која е поексклузивна и од групата на добитници на Нобелова награда.