Па така, додека на југот Баските и Каталонците со години се борат за сопствена држава, Шкотите веќе и закажаа референдум за независност од Британија.
Она што е ново е што на генерално мирната Белгија сериозно и се заканува распаѓање откако Фламанците и Валонците се повеќе почнаа да се сомневаат дека можат (и сакаат) да живеат во иста држава.
Не толку сепаратистички нагони има и италијанскиот север, чија основна желба е во време на криза да престане да ги троши парите на финансирање на јужниот дел на земјата.
Она што е карактеристично за сите овие региони е што тие се несразмерно богати во однос на остатокот од земјата.
Така, Баскија и Каталонија остваруваат речиси една четвртина од шпанскиот бруто производ иако заедно сочинуваат помалку од 10% од територијата на земјата.
Во Белгија, Фламанците кои бараат отцепување од земјата создаваат речиси 60% од БДП-то, а заземаат само една третина од територијата.