Ќотекот од фудбалот е излезен?

Факт: семејното насилство се зголемува после важен спортски настан. Факт: само што игравме со Србија. Факт: првата точка важи и во случај на пораз и во случај на победа.

По светското првенство во 2006-та, британското министерство за внатрешни работи објави извештај кој покажа дека домашното насилството пораснало за време на Мундијалот.

Повикувајќи се на Законот за слобода на информациите, професорот Алан Бримикомб од универзитетот во Источен Лондон и Ребека Кафе новинарка на БиБиСи, ги добиваат конкретните статистики за домашното насилство во фудбалски лабавата 2009-та и фудбалски напнатата 2010-та (Светско во Ј.А.Р.).

Кога Англија на Мундијалот беше поразена во Германија со 4-1, домашното насилство пораснало за 31,5%, но и неколку дена претходно кога Англија ја победи Словенија, насилството пораснало за слични 27,7%.

Меѓутоа кога Англија изигра нерешено со Алжир, домашното насилство пораснало само за 0,1% а кога натпреварот со САД заврши 1-1 имало раст од само 1,9%.

"Не е дека фудбалските турнири го предизвикуваат насилството, туку возбудата, разочараноста и адреналинот од гледањето на националната репрезентација, може да ги влоши постојните тензии во врската и да резултира со губење на нервите и насилство. Секако, алкохолот може сериозно да го влоши ваквото однесување," стои во заклучокот на истражувањето.

16 октомври 2012 - 16:35