Кукли од насловните страници

Британскиот печат е сексистички и полн со родови стереотипи. Женско стигнува на насловна само ако има фотка со трагови од насилство или пак ако има дупе како Пипа Мидлтон.


Мажите преовладуваат во печатот не само по основа на појавување на насловна, туку и по бројот на статии што им се објавени на првата страна.

78% од сите статии на насловните страни се напишани од мажи, споредено со само 22% од жените. Во овие статии мажите со 84% доминиралe и како тема или споменат лик во веста.

Жените биле побројни единствено како жртви во насловите стории, со сооднос од 79 спрема 21 процент.

Резултатите од истражувањето на Women in Journalism покажало дека најчести жени на насловните во Британија се Кејт Мидлтон и нејзината сестра Пипа, плус исчезнатото девојче Меделин МекКен.

16 октомври 2012 - 11:17