Откако убиството на Хериберто Лазкано, лидерот на најнасилничкиот картел Лос Зетас, не им помогна многу на властите (веќе имаат нов и подеднакво суров лидер), тие решија дека веројатно ќе треба поинаку да ги избираат своите мети.
По новата анализа, најкорисни мети се малите играчи кои ги имаат клучните врски во бизнисот.
Анализата ги преставува нарко картелите како комплексни мрежи во кои секој член е посебно преставен како единка, а интеракциите и врските меѓу секој од нив е преставен со линија. Силината и важноста на овие линии ги пресметува алгоритам, кој потоа ги рангира сите ликови во мрежата.
Овој метод и помага на полицијата да ги открие ликовите кои немаат сериозни врски во нарко светот, ама и покрај тоа служат како клучни посредници меѓу две групи. Во Мексико и Колумбија овие ликови најчесто се подмитени полицајци или државни службеници.
"Посредникот е човек кој го поврзува нелегалното со легалното," објаснува Едуардо Салкедо - Албаран, директор на Вортекс фондацијата во Богота.
Како класичен пример за потребата од ваков пристап е убиството на Пабло Ескобар во 1993-та. Тогаш, без неговото водство картелот од Меделин се распадна, но од него излегоа 300 помали картели кои и ден денес функционираат.