Фукуа е од оние конзервативни американски политичари кои тврдат дека Библијата поседува решенија за сите актуелни проблеми и токму таму нашол поткрепа на идејата дека лошите деца можат да бидат лесно дисциплинирани со смртна казна.
Еве го објаснувањето:
"Одржувањето на граѓанскиот поредок почива на семејната дисциплина. Оттука, дете кое не ги почитува родителите мора да биде трајно отстрането од општеството на начин кој на другите деца ќе им ја долови важноста на почитта кон родителите. Смртната казна за непослушните деца треба да се разгледа сериозно. Упатства за нејзино спроведување можат да се најдат во Библијата" (Book of Deuteronomy 21:18-21)
Па ќе додаде:
"Ова не им дава на родителите бланко право да ги убијат своите деца. Тие мора педантно да ја следат пропишаната процедура за смртната казна да се спроведе. Иако процедурата ретко ќе се користи, доколку се воспостави, на родителите им дава авторитет а на децата силен мотив да покажуваат почит кон нив."
На сосема друга тема, Фукуа смета дека левичарските либерали и муслиманите се во алијанса против САД и дека работат на иста кауза, Антихристот да завладее со светот преку крвава и насилна револуција.
Инаку, од неговиот сајт може да се дознае дека освен смртната казна, се залага за намалување на даноците, отворање работни места во приватниот сектор и унапредување на образованието.
За оние кои ќе ја избегнат смртната казна.