Основата по која е прекршена кауцијата, е тоа што Асанж не ја исполнувал својата должност да се пријавува секој ден во полициска станица.
Поддржувачите на Асанж побараа тие да не бидат уште еднаш казнети откако претходниот пат кога тој не се појави во суд тие изгубија 317 илјади долари.
Во меѓувреме Асанж ангажираше адвокат, со кој ја разгледува евентуалната можноста за тужба против австралиската премиерка Џулија Гилард, бидејќи нејзините изјави директно влијаеле на финансиската стабилност на Викиликс. Своевремено Мастеркард објави дека ја блокира сметката на Викиликс заади тоа што активностите на организацијата биле прогласени за нелегални и недоговорни од страна на австралиската премиерка.