Качувањето
Висината што ја постигна Баумгартнер е неколку пати поголема од висината на која летаат комерцијалните авиони. Тој користеше специјално направен балон, на кој беше поврзана капсула која го носеше патникот.
Преживување во веселената
Патувањето до крајната точка (нагоре) беше веројатно најлесниот дел за Баумгартнер. Капсулата имаше притисок од 8 пси, топлински e изолирана со фиберглас (кој штити од температурите од -56 степени Целзиусови), плус имаше заштитни шипки (како на рели автомобилите).
Снимање
Самата капсула имаше 9 ХД камери и три камери кои снимаат со 4000 фрејмови во секунда. Самото одело на Баумгартнер имаше дополнителни 3 ХД камери. Сепак ништо од ова не беше искористено за преносот во живо, за кој мораше да се направи сосема нов систем, кој користеше комбинација на телескопи и силни оптички леќи за зум.
Балонот
Ред Бул го објаснуваат балонот на како џиновска кеса за хемиско чистење. Направен од пластични ленти со дебелина од 0,02 милиметри, балонот може да покрие површина од 162.000 метри квадратни. На полетување, балонот е висок 55 ката и е многу тенок. Како што се издига тој се полни со хелиум за на крај во себе да собере 850 метри кубни хелиум. За да се наполни балонот потребни се две цистерни со хелиум.
Оделото
Во основа оделото на Баумгартнер е засилено вселенско одело што го користат космонаутите. За време на целиот пат оделото му обезбедува притисок од 3 пси, и го штити од екстремни температури. Тој воопшто не го дише воздухот што е под притисок, туку има директен довод на чист кислород.
Главниот и резервниот падобран на оделото се направени да бидат отворени при максимална брзина од 227 километри на час, заради што Баумгартнер треба да ја намали брзината по некаде околу 5 минути од паѓањето, пред да може да го отвори падобранот.
Најголемата брзина што ја имаше Баумгартнер за време на падот е 1.175 километри на час.
Оделото е опремено и со камера и микрофон, преку кои Баумгартнер добар дел од времето можеше да комуницира со својот тим.