Според францускиот Le Canard Enchaine, банката му понудила на Саркози 200.000 фунти за еден час работа. Од 60-те минути, тој ќе треба 45 минути да држи говор а 15 минути да позира за сликање.
За споредба, претседателската плата на Саркози беше нешто повеќе од 17.000 фунти месечно.
Иако уште нема донесено одлука, јавноста во Франција веќе му се нафрли на Саркози, критикувајќи го дека е "одвратно" веќе избран политичар да ја користи својата репутација за да стане милионер.
Неговиот иден колега, Тони Блер, откако замина од премиерската функција во 2007-ма, има купено шест куќи, секаде патува со приватен авион и има приходи од речиси 20 милиони фунти годишно. Само од Морган Стенли, каде работи како советник, тој годишно заработува 2,5 милиони фунти.
Инаку, Блер повеќе пати е обвинуван за искористување на својата поранешна позиција за правење профит. Тој е сопственик на компанијата за финансиски консалтинг Tony Blair Associates, која работи со владите на Казахстан и Кувајт.
Пред смртта на Гадафи, Блер редовно се состануваше со диктаторот и ги советуваше компаниите како да направат пари во земјата.