Зелено се лепи на зелено

Откако излезе од Белата Куќа Ал Гор се посвети на две работи: климатски промени и "зелена технологија." Од оваа занимација до денес има заработено како нафта да продавал.

Вашингтон пост проценува дека пред напуштање на функцијата Ал Гор вредел нешто помалку од 2 милиона евра, а денес неговото богатство изнесува 100 милиони долари.

Најголем дел од парите на Гор се од инвестиции во зелена технологија, која во изминативе четири години сериозно беше помогната од администрацијата на Обама.

"Четиринаесет компании за зелена технологија кои се директно поврзани со Гор, добиле 2,5 милијарди долари во заеми, грантови и даночни олеснувања, како дел од историскиот обид на Обама да ја помогне индустријата за обновлива енергија со државни пари," пишува Вашингтон пост.

Во минатонеделната претседателска дебата Ромни критикуваше дека 90-те милијарди долари потрошени за промовирање на зелената технологија во најголем дел завршиле кај бизниси кои се донатори на кампањата на Обама.

12 октомври 2012 - 09:37