28-годишниот Јонда Хуанг, е уапсен на аеродромот во Лос Анџелес откако бил забележан дека под својот мантил носи панцир.
При проверката кај него биле најдени:
- димна бомба
- нож
- безбол палка
- мала секира
- гас маска
- лисици
- дебела лента за лепење
- заштитно одело
Освен целата оваа опрема на симнувањето од летот од Токио, тој под мантилот имал и штитници за колена, како и огнотпорна заштита за потколениците.
Хуанг кој е жител на САД од кинеско потекло, веќе некое време живеел во Јапонија, но неговото постојано живеалиште е во Бостон.
Тој и понатаму одбива да соработува со полицијата, која нема никаква информација која била неговата намера.