На списокот имиња (родени и запишани во извод од матични) денес во Хонг Конг има: Ѓавол, Кит, Хлорофил, Мелас, Бамби и Дада. Минатиот јули во Хонг Конг беше уапсен Ајс Вонг, а неколку месеци претходно полицијата го уапси Ѓаволот Закон за поседување на дрога.
Блогот HKSAR Name of the Day, кој работи веќе 3-та година, до сега има над 2.000 примероци на најразлични хонгконшки варијанти на имиња, меѓу кои се луѓето што се викаат Шанел или Ролекс.
Причините за ова делумно потекнуваат од времето кога Хонг Конг беше под англиска власт, кога Кинезите ги превземаа англиските имиња за да можат побрзо да се интегрираат во општеството и да се зближат со жителите од Западниот свет.
По некое време како последица на недоволното познавање на англискиот јазик, дел од жителите на Хонг Конг почнуваат да добиваат несекојдневни имиња. Со текот на времето, луѓето престануваат да се чудат околу новите варијации на имињата и едноставно ги прифаќаат.
"Се започна со неадекватно познавање на англискиот јазик, ама ако денес видиш чудно име тоа затоа што тие решиле сами да раководат со својот јазик, а не затоа што нивните јазични способности се добри. Луѓето сметаат дека тие можат да прават што сакаат со англискиот. Ако му кажеш на Декемв и Фебру (имиња на луѓе во Хонг Конг) дека тоа не се англиски имиња, тие ќе ти речат 'не ми е гајле, ми припаѓа на мене.' На некој начин тие го наметнуваат својот Хонг Конг идентитет... англискиот јазик во Хонг Конг повеќе не е симбол на британското влијание, туку е дел од идентитетот на луѓето," објаснува професорот од Одделот за лингвистика на Универзитетот во Хонг Конг, Стивен Метјуз.