Во Франција повеќе нема домашна

Комплетната француска младина ќе се спаси од домашни задачи ако Оланд успее да го протне својот најнов предлог за унапредување на образованието.

Иако Оланд има цел пакет мерки за подобрување на образовниот систем, она што сите го зборат е намерата на францускиот претседател да им забрани на учителите да даваат домашна работа. Според Оланд целата работа, децата треба да ја завршат во училница.

"Работата треба да се заврши на училиште, а не дома," порача Оланд.

Меѓу другите работи тој предлага намалување на просечното време што учениците го минуваат на часови, а во замена за тоа наместо 4-дневната училишна недела, таа да трае четири и пол денови.

И покрај тоа што учат само 4 дена во неделата, француските деца во текот на годината минуваат повеќе време на училиште отколку останатите земји членки на OECD.

На промените на Оланд, освен опозицијата, најмногу се бунат родителите кои ќе треба комплетно да го променат својот дневен распоред доколку се скрати училишниот ден на нивните деца.

Меѓу другите предлози на Оланд е и скратување на летниот распуст на учениците и зголемување на бројот на учители за цели 60.000, со цел да се засили училишниот систем во Франција.

17 октомври 2012 - 13:41