Свет

Без метро, Менхетен ќе стане џиновски паркинг

За во еден ден на Менхетен со кола да стигнат онолку луѓе колку што дневно превезуваше метрото (кое е сега под вода), потребно е да се изградат 76 мостови (како Бруклинскиот мост) кон островот. Па дури после ќе се прави муабет каде ќе паркираат сите тие луѓе.

Дипломатија, кирија и проститутки

Цената на киријата во Хонгконг е толку порасната што сега дури и на амбасадите (на богати држави) им е поисплатливо да бидат соседи со проститутките и стриптизетите во Хонгконг, отколку да останат во центарот на градот.

Африка се дебелее

Ете и тоа доживеавме. Речиси 30 години по оние бенд-ејдови и уса фор африки, на гладниот континент се одржува конференција на тема: што правиме со дебелите?

Празен Њујорк

Опасноста од ураганот Сенди и превентивната евакуација на Њујорк, ненамерно создадоа некои од најневеројатните сцени во историјата на градот - Њујорк без луѓе.

Државата како бренд

Постои нешто што се вика Бренд индекс на државата, на кој се рангираат држави за тоа колку се моќни како светски бренд. Меѓу рангираните 118, Македонија ја нема.

Вол Стрит го издаде Обама

Фамозниот "1 процент" кој држи 40% од американското богатство и е олицетворен во Вол Стрит, изборите ги чека со ливче уплатено за Мит Ромни. Многу чуден пресврт, ако се знае дека Обама во првиот мандат се искрши за да им покаже дека е нивен играч. 

Казната за Берлускони скоро како да не се случила

Дури и да служи затворска казна, поранешниот италијански премиер нема да одговара за најголемиот дел од работите што ги направил.

Рекламите на претседателите

Трошоците на кампањите на двете страни веќе ја достигнаа бројката од 1 милијарда долари, сума во која не се пресметани рекламите што ги плаќаат нивните симпатизери (super PAC).

Ал Помада

Исламистичката група уапсена пред една година во Бирмингем планирала масовни убиства со отровни помади намачкани на кваки на паркирани автомобили.

Милијардите на премиерот

Ако не можеш да бидеш кинески цар, добро е да бидеш и кинески премиер, е краткиот заклучок од пописот на имот на Вен Џиабао.

Поштари од небото

Наместо надвозници, обиколници и слични проширувања, иднината на транспортот на стоки е во беспилотни летала, барем ако се прашува основачот на компанијата Matternet.

Нов град на мапата: Техеранџелес

Најголема заедница Иранци надвор од Иран. Меѓу 300.000 и 500.000, во дел на Лос Анџелес, каде Американци им го учат јазикот за да можат да влезат во бизнис. Квартот доби признавање и од Гугл Мапс, под "уставното име" Техеранџелес.

Светот го изгласа Обама

На домашен терен трката меѓу Обама и Ромни е зачудувачки изедначена но, да се прашува светот кој треба да биде следниот американски претседател, нема муабет за тоа. Освен во Пакистан.

Феликс го украл скокот од Бугар

Целата идеја за скокање од вселената е на еден Бугарин и да имал само малку повеќе пари Феликс никогаш немало да му ја "украде" идејата.

Да ти се смачи од Швеѓаниве

Швеѓаните успеаа да станат толку добри во рециклирање што сега почнаа да увезуваат ѓубре од соседите за да го покријат недостатокот на отпад.

Kажи ми што работиш и ќе ти кажам за кого ќе гласаш

Класниот опис на американското изборно тело некогаш звучи како стереотип (уметници и интелектуалци гласаат за демократи, работници и дебелаана за конзервативци), но податоците ги потврдуваат ископаните социјални ровови.

Како се стигнува до врвот на КПК?

За Груевски и Црвенковски знаеме сè, за Меркел и Тадиќ по нешто, но, како се станува лидер на Комунистичката партија на Кина?

Кристалната интернет топка

Речиси никој и да не го бара на интернет она што претседателските кандидатите го зборуваат во своите кампањи. Па така "Paul Ryan Shirtless" е цели 9 пати попребарувано од "Paul Ryan budget."

Колку чини да ја купиш Белата куќа?

Ако не може да ја освои, колку би го чинело еден претседателски кандидат да ја купи Белата куќа, комплет сите 9,290 метри квадратни.

САД стануваат Кратово

Бројот на Американци кои можат да се прехранат само со помош на владата повторно руши рекорди. Над 46 милиони луѓе примаат бонови за храна, што е двојно повеќе од пред 10 години.

Упатство за гласање за вработени

Ромни заглави на уште една снимка. За разлика од првата, овој пат не омаловажува 47% од популацијата на САД, туку им порачува на газдите да побараат од своите вработени да гласаат за него.

Како Американците го замислуваат светот

Минатиот месец во една анкета во Охајо, 15% од испитаниците (републиканци) одговориле дека Ромни има многу поголема заслуга за ликвидацијата на Бин Ладен, отколку Барак Обама. Еве некои статистики за тоа што мислат Американците, што се случува надвор од нивната држава.

И Кинезот е човек

Ќе си речете, Кина е сосема друг свет, којзнае како тоа функционира и колку е сосема различно од остатокот на светот. Ама не, луѓето и таму ги мачат истите секирации како и секаде. Бескрајните поскапувања, проблеми со владата и нееднаквоста.

Израел им брои калории на Палестинците

Една од најважните работи што Израел ја направил пред да го почне ембаргото кон Газа, е да пресмета кој е минимумот на калории што им е потребен за преживување Палестинците.