Дел од статистиките за интернет пребарувањата:
- 5.000 луѓе месечно прашуваат за долната облека на Мит Ромни
- "Paul Ryan Shirtless" е цели 9 пати попребарувано од "Paul Ryan budget". Избран е терминот буџет, бидејќи Рајан се прослави откако пред неколку години беше предлагач на еден од начините како да се спаси американскиот буџет. Предлогот беше отфрлен.
- Во Црвените држави (про-републикански сојузни држави) е поверојатно да пребараат "Barack Hussein Obama", додека сините (про-демократските) е поверојатно да го пребараат "Willard Mitt Romney".
- Пребарувањето на "McCain life expectancy" имаше пик кога Сара Палин беше избрана за потпретседателки кандидат.
- секое стото пребарување за Обама на денот на изборите во 2008-ма, ги содржело и поимите "KKK" или "nigger".
- "Michelle Obama ugly" има 3 пати повеќе пребарувања од "Michelle Obama beautiful".
- Сојузните држави во кои Обама во 2008-ма, не освои мнозинство се и сојузните држави кои најчесто пребарувале за "Obama Muslim".
Во останатите вести, има само 16 дена до изборите во САД.