Kажи ми што работиш и ќе ти кажам за кого ќе гласаш

Класниот опис на американското изборно тело некогаш звучи како стереотип (уметници и интелектуалци гласаат за демократи, работници и дебелаана за конзервативци), но податоците ги потврдуваат ископаните социјални ровови.

КАКО КОЈА ИНДУСТРИЈА ГЛАСА?

"Машките" индустрии како градежништвото и рударството остануваат стандардни упоришта на Републиканците. Овде на прв поглед, изненадувачки е државна администрација да не го преферира актуелниот претседател. А и поконкретно, Републиканците секогаш биле за помала Влада и помалку државни работни места. Освен војската. Тука сме. Токму војската и службите за државна безбедност прават мнозинството од администрацијата да го претпочита Ромни.

РАЗЛИКИ МЕЃУ ДОКТОРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Зачудува малата поддршка на Обама меѓу медицинските сестри, особено ако се знае дека меѓу женската популација тој има особена предност над Ромни. Но, за медицинските служби, здравствените реформи на Обама кои го зголемуваат опсегот на население на кое му следуваат бесплатни здравствени услуги, значат само дополнителна гужва во и онака пренатрупаните јавни болници. А веќе се чувствуваат премалку платени за таа стресна работа.

КОЛКУ ЗАРАБОТУВАШ И КАКО ГЛАСАШ

За ова не е потребно дополнително објаснување.

23 октомври 2012 - 11:42