Едниот затоа што е тешка сировина од човек а другата затоа што е толку преработена што не се гледа човекот, републиканскиот и демократскиот кандидат за американски претседател здружно постигнаа интересна цел: на човека да му ги згадат изборите.
Берни Сандерс има фасцинантни бројки со поддршка меѓу младите. Сè се тоа напредни, модерни, освестени, бучни и агилни лица. Проблемот е само во тоа што таквите - слабо излегуваат на гласање.
Класниот опис на американското изборно тело некогаш звучи како стереотип (уметници и интелектуалци гласаат за демократи, работници и дебелаана за конзервативци), но податоците ги потврдуваат ископаните социјални ровови.