33% од следбениците на Трамп рекле дека главна причина што го поддржуваат него е што не ја можат Хилари. Сличен процент (32%) е во другиот табор, ќе гласаат за Хилари само затоа што таа не е Трамп.
Во пресрет на ноемвриските избори, во гласачкото тело преовладуваат фрустрација, гадење и страв. По првпат во поновата американска историја гласачите во толкав број велат дека ќе гласаат само за да го изберат помалото зло, односно дека ќе гласаат за еден кандидат затоа што не можат да го поднесат другиот.
Истражување на центарот Пју покажало дека многу повеќе луѓе има фрустрирани (57%), згадени (55) или престрашени (43%), отколку заинтересирани (31%), оптимистички (15%) или пак возбудени (само 10 проценти).
Трамп предизвикува загриженост најмногу поради својот карактер и особините на неговата личност а Клинтон најчесто се гледа како неискрена заради сивата зона на комплицирани релации со центрите на политичка и финансиска моќ.