"Се надевам дека ќе направите да им биде многу јасно на вашите вработени дека она во што вие верувате е во најдобар интерес за вашата компанија, а со тоа и за нивната работа и нивната иднина. Нема ништо нелегално во тоа да разговарате со вашите вработени за она што мислите дека е најдобро за вашиот бизнис," изјавил Ромни на една средба со малите сопственици во јуни годинава.
Претходно се шпекулираше дека Ромни ги поттикнувал генералните директори на неколку големи компании да ги споделат своите ставови со вработените за тоа "дали се согласувате со мене или со Претседателот Обама."
До сега ова го направија:
- директорите на Koch (инаку едни од најголемите подржувачи на Републиканската партија).
- директорот на Florida's Westgate Resorts, кој во писмо до вработените напишал - ако на мене или на мојата компанија ни се наметнат некои нови даноци (што го најави Обама), јас ќе бидам принуден да го намалам бројот на вработени.
- директорот на ASG Software Solutions, кој во меил до сите вработени напишал дека ако не се избере нов претседател на државата, компанијата ќе ја изгуби својата независност и во тој случај "не сакам да слушнам какви било поплаки за промените кои најверојатно ќе следуваат."