67-годишниот Иван Андре Трифонов, Бугарин со австриски пасош, тврди дека целата замисла и планирање за скокот ги направил уште пред 20 години.
"Проектот го направив уште во 1992-ра, и го опишав во книга во 1994-та, која сега повторно треба да биде печатена," објаснува Трифонов.
Несудениот скокач од вселената го запознал менторот на Феликс, Џо Китингер, уште во 1992-ра во Јордан, на парадата на балони за летање.
Двајцата се договараат да почнат со работа на проектот, меѓутоа не успеваат да соберат пари. Тие барале 6,5 милиони долари наспроти 50-те милиони на Феликс. Проектот 3 пати го откажуваат во 1994-та, 1999-та и 2003-та.
"Жена ми молеше бога да не најдам спонзори. Се плашеше, ми рече дека сум стар за скокање и дека треба проектот да му го понудам на младиот Феликс. Тоа го направив во 2005-та и кога му го дадов проектот му реков дека услов е да ме прими во тимот. Тој се сложи. Не ми се јавуваше до декември (2011.) па го прашав до каде е проектот, а тој ми одговори дека работи со Американците и дека повеќе не му требам," раскажува Трифонов.
Следен план на Трифонов е да го обиколи светот за 80 денови, со цепелин.