- 88% од младите Американци не можат да го најдат Авганистан на мапа, 75% не можат да ги најдат ниту Иран, ниту Израел, а 63% не знаат да го идентификуваат Ирак.
- 41% од Американците веруваат дека Кина е водечката светска економска супер моќ. Точниот одговор е САД, и го погодиле 40% од анкетираните.
- 73% не можеле да го идентификуваат комунизмот како главен проблем на САД за време на Студената војна.
- 9% од Американците се во постојан страв дека ќе станат жртви на тероризмот. (Шансите во САД да загинеш како жртва на тероризам се 20 милиони спрема 1)
- Речиси 25% од Американците не знаат дека САД се изборила за независност од Велика Британија.
- 71% веруваат дека Иран веќе има развиено нуклеарно оружје (став со кој не се согласуваат Израел, САД и Меѓународната агенција за нуклеарно оружје).
- Просечниот Американец верува дека САД трошат 27% од федералниот буџет на меѓународна хуманитарна помош. Вистинската бројка е 1%.
- 33% од Американците (во 2007-ма) веруваа дека Садам Хусеин е лично вклучен во нападите од 11-ти септември. Во 2005-та, ова изнесуваше 53%.