Откако Сенди ја потопи подземната железница, луѓето почнаа да сфаќаат што се мисли кога ќе кажат дека таа е - крвоток на градот.
Процените се дека за да се одржи истиот проток на луѓе, во Менхетен треба да влегуваат дополнителни 324.000 автомобили на час, за време на утринскиот шпиц. За овие автомобили да се паркираат некаде, ќе треба речиси една третина од островот да се претвори во паркинг.
Опциите за замена на метрото е изградба на:
- 76 нови Бруклински мостови (еден има 6 ленти за автомобили и 2 ленти за пешаци и велосипедисти) или
- 84 Квинс тунели (еден има по 4 ленти за автомобили во двата правци) или
- 200 нови копии на 5-та Авенија или
- 67 нови копии на Вест Сајд автопатот (оригиналот има 8 ленти)