Добротворниот концерт за Сенди успеа на едно место да ги собере Пол МекКартни, Брус Спрингстин, Стоунси, Ерик Клептон и шиткачи на карти кои најверојатно ќе го извадат најголемиот ќар од концертот.
Организаторите беа приморани да го откажат маратонот во Њујорк заради последиците од ураганот Сенди, но илјадници маратонците не се откажаа и истрчаа еден малку поинаков маратон.
Моментално во мрежата на подземни тунели на Њујорк има околу 400 милиони галони вода (1,5 милијарди литри). Од нив ниту капка не треба да биде таму. Американската армија треба некако да ја среди оваа разлика.
За во еден ден на Менхетен со кола да стигнат онолку луѓе колку што дневно превезуваше метрото (кое е сега под вода), потребно е да се изградат 76 мостови (како Бруклинскиот мост) кон островот. Па дури после ќе се прави муабет каде ќе паркираат сите тие луѓе.
Опасноста од ураганот Сенди и превентивната евакуација на Њујорк, ненамерно создадоа некои од најневеројатните сцени во историјата на градот - Њујорк без луѓе.