Сенди го смири криминалот

Покрај сите штети што ги направи Сенди, полицијата на Њујорк успеа да излезе и со неколку позитивни нуспојави на ураганот.

За време (и по) ураганот сите можни видови на криминал забележале сериозен пад, освен провалите по домови кои пораснале за 3%. На ниво на "индустрија" криминалот бил намален за 31%.

На страна од ова во периодот од 29-ти октомври до 2-ри ноември, имало 86% пад во бројот на убиства, 48% пад во кражбите, 44% помалку силувања, 31% помалку напади, 30% помалку вооружени кражби и 24% пад на кражбите на автомобили.

Она што е ново е што низ разрушените населби на Њујорк, почнале да се појавуваат провалници облечени во опрема на Црвениот крст, кои ограбувале напуштени куќи.

Се на се минатата недела на територијата на градот Њујорк се случило 1.061 кривично дело, споредено со 1.541, од пред една година.

6 ноември 2012 - 18:29