Шиткачите

Добротворниот концерт за Сенди успеа на едно место да ги собере Пол МекКартни, Брус Спрингстин, Стоунси, Ерик Клептон и шиткачи на карти кои најверојатно ќе го извадат најголемиот ќар од концертот.

Цената на влезниците за "12-12-12" концертот се движи од 150 до 2.500 долари. Официјално. Неофицијално, влезниците веќе почнале да се препродаваат и по 60.000 долари.

По реакциите на јавноста околу веста, неколку сајтови го забранија препродавањето на карти преку нивните сервиси, а повеќемина побараа јавно да се соопштат имињата на сите што препродаваат влезници за концертот.

На концертот ќе настапат и Бон Џови, Канје Вест, Дејв Грол, Били Џоел, Алиша Кис, Крис Мартин, Еди Ведер, Роџер Вотерс, Д Ху.

8 декември 2012 - 12:19